MK EN

Едукација за фрактално цртање

Психолошка техника за изразување емоции преку креативен процес.

За деца и возрасни
Структуриран процес + правила за боење
Смирување • фокус • креативен развој

Што е фрактално цртање?

Фракталното цртање е психолошка техника кога со затворени очи со молив цртаме фрактален цртеж — мрежа на А4 формат бел лист хартија. Потоа следува бирањето од дрвените боички во разни бои (од 24 и повеќе по број). Додека раката се движи слободно низ листот хартија, вниманието се насочува кон нашата интуиција и нашето внатрешно јас. Потоа преку самиот цртеж кој што сме го создале и боите во него се прави анализата на нашата моментална психолошка состојба.

Процесот на фрактално цртање смирува, ослободува од стрес и анксиозност, личи на активна медитација и создава простор за изразување на нашите емоции (позитивни и негативни — без зборови).

Фракталното цртање е одлично за:

  • Ликовно изразување на потенцијалот на личноста преку цртежот
  • Развој на креативноста и имагинацијата
  • Развој на фокус, концентрација и внимание
  • Ослободување од стрес, анксиозност и негативни емоции
  • Свртување на вниманието кон својата внатрешност — интуиција
  • Разговор за значењето на боите и емоциите
  • Задоволство и среќа од цртањето и боењето

Се применува за деца од 5 години па нагоре, возрасни и деца со потешкотии во развојот.

Како се одвива процесот?

1

Цртање со затворени очи (1 мин.)

Фрактална мрежа на А4 лист

2

Избор на бои

Бои се избираат интуитивно (со затворени очи)

3

Боење по правило

Големи/средни полиња: светли и неутрални бои
Мали полиња: потемни бои

Секоја работилница е водена и смирена – без притисок, без 'погрешно'.

Програми

Работилници за деца и ученици (5–12)

Креативни техники, фрактално цртање и боење и изразување емоции преку уметност. Мали групи, топла атмосфера и мали подароци.

Ликовни техники: фрактално цртање со дрвени боички, темпера, акрил, фломастер, црн маркер, водени бои, колаж.

Тематски работилници: цртаме со затворени очи, цртање и боење на камења, цртаме форми од LEGO Dots, изработка на фрактални честитки на црна хартија, мојот фрактален ангел чувар, изработка на фрактални магнети, неурографика — психолошка техника, и др.

Мали групи (5–6 деца) 1,5 час

Работилници за возрасни

Ослободување од стрес, изразување на креативност, фокус и внимание.

Примери: цртање на фрактален цртеж, изработка на уметнички/креативни фрактали, цртаме фрактали во една линија, изработка на фрактални честитки на црна хартија, и др.

Опуштена атмосфера 1,5 час

Програми за градинки / училишта / НВО

Едукативни сесии прилагодени на групи и возраст.

Учење на разни фрактални техники, зборување за бои и нивно значење, развој на фокус, концентрација и внимание, креативен и ликовен развој преку цртањето фрактали.

Прилагодени програми 1,5 час

Team-building за фирми

Креативно поврзување на тим, јакнење на чувството на емпатија и меѓусебна поддршка, уметност за себеспознавање, ослободување од стрес, заедничко искуство и раст.

Прилагодено според големината на група.

Тимски активности 1,5 час

Фрактално цртање на предмети

Нова креативна понуда каде фракталните мотиви не остануваат само на хартија, туку се пренесуваат и на предмети што се користат, подаруваат и се чуваат како спомен.

Цртање на чаши

Водена работилница каде секој учесник украсува своја чаша со фрактални линии, бои и личен печат.

Предмет што се носи дома Идеално за групи

Шолји и персонализирани подароци

Креативна активност што комбинира уметност, емоција и изработка на уникатен предмет за секојдневна употреба.

Личен и топол подарок Креативно искуство

Дрво, платно и декорации

Понудата може да се приспособи и на други материјали и декоративни предмети, според идејата и поводот.

Различни материјали Флексибилна понуда

За настани и team building

Одлична опција за фирми, приватни прослави, момински вечери и специјални дружби со креативна содржина.

Team building По договор

Оваа понуда се организира по договор, во зависност од материјалот, бројот на учесници и типот на настанот.

Ценовник

Програма Времетраење Цена
Поединец 1,5 час 1.200 ден
Месечен пакет во група
(4 пати месечно - потврда за посета)
1,5 час 4.000 ден
Пакет за градинки 1,5 час 4.000 ден
Пакет за училишта 45 мин 4.000 ден
Пакет за НВО
(цената зависи од големината на групата)
1,5 час 4.000 ден
Пакет за фирми (Team-building)
(цената зависи од големината на групата)
1,5 час 4.500–10.500 ден

(Цените се прилагодуваат во зависност од променливоста на цените на пазарот)

Термините се договараат однапред со резервација — местата брзо се пополнуваат.

Која стои зад ВЕДРА

Катерина Трајанова

Сертифициран тренер по фрактално цртање

Дипломиран правник по професија, но поранешен креативец — основач на Miss Kejti, Facebook страната која се занимаваше со организација на креативни детски родендени, изработка на роденденски пакети и честитки за разни свечености.

Претходно работела како креативец (copy writer, social media marketer) околу 6 години во фирма за креирање на детски видео игри.

Од почетокот на 2024 година посетува работилници за фрактално цртање кај професорката Мартина Косец Реба во Загреб, Хрватска. На почетокот на 2025 година ја завршува online Видија Академијата за фрактално цртање и се стекнува со Сертификат за Тренер по фрактално цртање — единствен во Македонија.

Работилниците ги води со внимание, трпение, многу креативност и смирен и психолошки пристап кон децата и возрасните. Водениот процес на фракталното цртање ги охрабрува учесниците да се поврзат со својата интуиција и внатрешност и да ги изразат своите позитивни и негативни емоции на бел лист хартија.

Целта е: креативност + емоционално ослободување + учење нова психолошка ликовна техника

Често поставувани прашања

Дали треба да имам талент за цртање?

Не! Фракталното цртање не бара умешност или претходно искуство. Процесот е интуитивен и фокусот е ставен на изразување на емоциите преку цртањето на фрактален цртеж — мрежа 1 минута на бел лист хартија, а потоа бирање на боичките со затворени очи и боење на цртежот.

Дали фракталното цртање е еден вид на Арт Терапија?

Да, фракталното цртање е еден вид на арт терапија која е креативна, но од анализата на фракталниот цртеж — мрежа, може да се види моменталната психолошка ситуација на личноста.

За која возраст е наменето?

Фракталното цртање е наменето за сите — за деца од 5 години па нагоре, тинејџери, возрасни и пензионери, и има одличен психолошки ефект на подобрување на некои негативни психолошки состојби, но и искажување на позитивните емоции на хартија. Постојат и специјални програми за фрактално цртање за деца со посебни потреби.

Колку трае една работилница?

Работилниците обично траат 1,5 час. За градинките и училиштата, пакетите траат 45 минути за да се прилагодат на програмата за предучилишна возраст, како и на наставните часови во училиштата. За тимовите во фирмите исто така траат околу 1,5 час, при што се договараме на која тема ќе цртаат фрактали и во која техника. За домовите за лица со посебни потреби (деца и возрасни) — околу 45 минути, внимавајќи на психолошкиот степен на развој.

Што треба да понесам?

Не треба да понесете свои материјали бидејќи сите материјали (хартија, бои, четки, и др.) се обезбедени на Ведра Едукација. Само треба да понесете добро расположение и друштво со себе, доколку сакате. Децата може да си донесат свои браќа или сестри, другарчиња и родители, а возрасните — свои пријатели или партнери.

Дали детето мора да зборува за емоциите?

Не. Фракталното цртање е начин да се изразат емоции БЕЗ зборови. Нема притисок за разговор бидејќи емоциите на детето се гледаат и се изразени на самиот фрактален цртеж — преку формите и боите кои се нацртани и ја искажуваат нивната моментална психолошка ситуација.

Дали може индивидуално или само групно?

И двете! Постојат индивидуални работилници (1.200 ден за 1,5 час) за деца и возрасни, и групни работилници во мали групи (од 5 до 7 луѓе). Групните работилници се одржуваат во градинки, училишта, игротеки, како и team-building во фирми и невладини организации. Исто така, Ведра Едукација организира и работилници од хуманитарен карактер кои се бесплатни.

Како се пријавувам и резервирам место?

Пријавувањето е едноставно: можете да се јавите телефонски на 070 209 980 кај Кате — едукатор во Ведра Едукација, или преку порака на социјалните мрежи на Instagram Vedra_edukacija и на Facebook Vedra edukacija.

🎂 Детски родендени

Ведра Едукација ве поканува да го прославите роденденот на вашето дете и заедно да цртаме!

Детски роденден со креативна работилница

Пакет 1

Вклучува материјали за цртање и боење + подарок

1 час 2.000 ден.
Роденденска атмосфера и креативни активности

Пакет 2

Вклучува балони + материјали за цртање и боење + подарок

1 час 2.500 ден.
Прослава на роденден со фрактално цртање

Пакет 3

Вклучува балони + материјали за цртање и боење + рачно изработен подарок + чоколатца

1 час 3.000 ден.

За резервација јавете се на 070 209 980 или пишете на Instagram/Facebook.

Моминска вечер

Креативна и опуштена вечер за дружење, бои и убави спомени со вашето друштво.

Моминска вечер со креативна работилница

Моминска вечер со фрактално цртање

Идеја за поинаква прослава со креативна атмосфера, водена работилница и моменти што остануваат за паметење.

За вашето друштво За детали јавете се

За организација на моминска вечер јавете се на 070 209 980 или пишете на Instagram/Facebook.

Контакт

Пријавување: во порака или телефонски.